Search

(Видео) Во ек на пандемијата 40.000 гледачи истрчаа на терен на рагби натпревар во Нов Зеланд

Додека спорските натпревари во Европа полека се будат, на другиот крај на светот во Нов Зеланд спортските нетпревари од највисок ранг веќе се играат пред многубројна публика. Натпреварот во рагби-лигата во Нов Зеланд меѓу Оукленд блуз и Ураганите од Велингтон се одигра пред 43.000 гледачи на најголемиот стадион во земјата „Еден парк“ и е најгледан во последните 15 години.

Не само што имало толку многу публика, туку на крајот на натпреварот сите гледачи истрчале на терен кон играчите. Нов Зеланд е една од ретките земји во светот што прогласи крај на епидемијата со целосно ослободување на мерките против Ковид-19.

Рагбито е еден од најпопуларните спортови во оваа држава и љубителите на спортот едвај чекаа да се вратат на трибините.

Претходно, во саботата во Дунедин на југот на земјата, дуелот помеѓу Отаго Хајлендс и Вајкато Чифс (28-27) го следеле 20.000 гледачи.

Нов Зеланд, кој има население од околу пет милиони, пријавил 1.154 заразени и 22 смртни случаи како резултат на Ковид-19.

Во оваа земја, сепак, и понатаму се подготвуваат за евентуален втор бран на епидемија, а мерките на претпазливост во врска со патувањето во странство остануваат на сила.

„Иако сè уште не ја завршивме работата, не оспорувае дека ова е пресврт. Па, можам ли да завршам едноставно: Благодарам, Нов Зеланд“, порача премиерката Џасинда Ардерн.

Треба да знаете
Последни објави