Search

И естрадните работници и радиодифузерите во Фондот за помош и поддршка за справување со кризата

Владата денеска ги прифати и измените и дополнувањата на Уредбата со законска сила за формирање Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19, со кои со оваа уредба сега се опфатени и естрадните работници, како и  радиодифузерите кои од регулаторното тело надлежно за работите од областа на радиодифузија добиле дозвола за емитување преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс или преку сателит, за надомест на трошоците за пренос на сигнал за 2020 година.
Во врска со оваа уредба, Владата денеска донесе измени и дополнување на одлуката за начинот на исплата на средства од сметката за донација на Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД – 19, во која се додадени естрадните уметници и радиодифузерите кои од регулаторното тело надлежно за работите од областа на радиодифузија добиле дозвола за емитување преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс или преку сателит, за надомест на трошоците за пренос на сигнал (дотур на модулации) за 2020 година.
Владата на оваа седница донесе Уредба со законска сила за начин на наплата на надоместоците од страна на Јавното претпријатие Македонска радиодифузија од радиодифузерите кои вршат радио емитување за време на вонредна состојба, со која, заради економските последици од корона кризата на радиодифузерите кои обезбедуваат радио емитување (радија) Јавното претпријатие Македонска радиодифузија нема да им ги наплаќа трошоците за обезбедување на енергетско напојување на радиодифузни уреди за 2020 година и трошоците за закуп на деловен простор на радиодифузни објекти на ЈП МРД за 2020 година, определени со Ценовникот на услуги на јавното претпријатие.
Радиодифузерите кои до денот на влегувањето во сила на оваа уредба ги платиле надоместоците за обезбедување на енергетско напојување на радиодифузни уреди за 2020 година и надоместоците за закуп на деловен простор на радиодифузни објекти на ЈП МРД за 2020 година, ќе се смета дека извршиле плаќање на надоместоците за 2021 година, согласно Законот за основање на Јавното претпријатие Македонска радиодифузија.
На денешната седница Владата ја донесе Одлука за распределба на финансиски средства наменети за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со КОВИД-19 кризата за распределба на финансиски средства наменети за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со КОВИД-19 кризата, со која се доделени на 40 гранта на здруженија и фондации, во вкупна вредност од 29.647.474  денари.
Треба да знаете
Последни објави