Search

ГАК: И да не го знаела резултатот, родилката требало да каже дека свекорот е сомнителен на Ковид 19

И да не го знаела резултатот , требало да каже дека свекорот се тестирал, изјави за Телма директорката на ГАК, Викторија Јовановска, која тврди дека верзијата што ја пласира семејството на родилката не кореспондира со фактите и е со со цел да се одбранат, иако згрешиле и поради тоа треба да се извинат.

-Изјавата на семејството на родилката во голема мера не се совпаѓа со тоа што таа го кажала кога била примена кај нас, вели директорката на скопска гинекологија Викторија Јовановска. И да не го знаела резултатот од тестирањето, требала да каже дека свекорот е сомнителен на корона но и дека таа имала имала симптоми една недела и примала терапија. Не е точно ниту тврдењето дека не дошла за породување, пацинетката дошла во термин за пораѓање, а крварење е знак за тоа, објаснува Јовановска.

Не била пуштена, туку си заминала  на нејзино барање со потпишана изјава а докторите ја предупредиле да се врати кога ќе и се зголемат болките вели Јовановска, која порачува после овој случај крајно време е да се смени свеста за да не се загрозува здрвајето на пацинетите и медицинскиот персонал

Мвр започна да собира докази за случајот со скопска гинекологија. Ќе истражуваат два аспекти, кој го украл документот од гинекологија во кој родилката негирала дека  имала контакт со позитивен на ковид  19,  но истрагата е насочена и кон родилката односно за тоа дали дала лажни податоци.

 

 

Треба да знаете
Последни објави