Search

Семејството на родилката тврди дека не знаеле дека свекорот е позитивен на коронавирус

Семејството на родилката-лекарка од ГАК за чие однесување се крена јавноста и институциите бидејќи не кажала дека има заболен или сомнителен член на семејството со што беа ставени во самоизолација многу лекари, медицински сестри и друг персонал во две болници, се оглаи во јавноста преку НОВАТВ.

Нејзиниот сопруг до НОВАТВ испратил писмо заедно со документи и побарал да се објави, иако не се дадени одговори и на други прашања кои се отворија во јавноста. Сопругот на родилката-лекарка побарал да не му биде откриен идентитетот и дека наскоро ќе ѝ објаснат на јавноста што точно се случувало.

-Поради голем број на дезинформации, чувствуваме потреба да ве известиме за правата вистина. Имено пациентката е однесена на УК за Гинекологија и акушерство на 6 јуни поради крвавење, додека нејзиниот свекор доби известување на 7 јуни, еден ден после примањето на пациентката на клиниката, дека е позитивен на ковид 19. Веднаш откако дознавме за позитивниот резултат, ја известивме докторката која ја следеше ситуацијата на пациентката и која работи на ГАК. Бидејќи таа не била на работа, ги известила колегите кои веднаш потоа ја изолирале пациентката. На 7-ми е пуштена дома, поради подобрување на нејзината состојба и неповолните услови за подолг престој. На 8-ми јуни пациентката е однесена во „Ремедика“, каде што при прием е пополнет АНКЕТЕН лист, во кое првото прашање гласи дали сте имале контакт со заразено лице со ковид 19, и заокружено е со ДА. Овој анкетен лист, според „Ремедика“ е архивиран кај нив и ќе биде доставен по службено барање од надлежните. Заради одговорот во анкетниот лист „Ремедика“ има преземено мерки и ја изолираа пациентката. По породувањето, бебето не ѝ е дадено на мајката (новороденчето е негативно на тестот) и уште при породување на мајката и земале брис. Инаку, нејзиниот свекор се пријави за тестирање поради позитивни случаи со ковид 19 на работа, во просветниот инспекторат. Ги молам медиумите да ги проверат информациите пред да ги пласираат на етерот, бидејќи кружат дезинформации и лажни вести. Ќе ви одговориме на сите прашање, но ве молам да имате трпение да го надминеме вирусот, свекорот спаѓа во ризична категорија на луѓе, бидејќи има неколку хронични болести. Пациентката се закрепнува од царското породување, од вирусот и се соочува со фактот дека новороденчето ќе биде далеку од неа најмалку две недели,
се вели во писмото од сопругот.

Треба да знаете
Последни објави