Search

Кривична за инспектор кој од невнимание испукал куршум во канцеларијата во СВР Тетово

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Ш.С., инспектор во СВР Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, казниво по член 288 од Кривичниот законик.

Пријавениот, на 02.06.2020 во просториите на СВР Тетово, поради невнимателно ракување со службениот пиштол, испукал еден куршум во неговата канцеларија, при што никој не бил повреден.

Од страна на одделот за внатрешна контрола поднесена е и иницијатива за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност преде надлежната комисија.

Треба да знаете
Последни објави