Ранетиот шеф на кавачкиот клан Звицер ја напуштил болницата во Киев

Радивое Звицер шефот на црногорскиот кавачки клан, кој беше ранет во обид за убиство на 26 мај се опоравил од прострелните рани и ја напуштил болницата во Киев, дознава Побједа.

Поради нападот на Звицер во Одеса беа упасени црногорските државјани Стефан Џукиќ и Емил Тузовиќ како и српските државјани Милан Бранковиќ и Петар Јовановиќ. Според шефот на полицијата во Украина, тие пристигнале на почетокот од месец мај. Купиле возила, автоматско оружје и организирале следење на движењето на жртвата и неговото семејство.

Според полициската евидентица Џукиќ и Тузовиќ се блиски на мафијашката група од Бар која ја предводи Алан Кожар.

-Откако го дефинирале датумот за да го извршата убиството, сега оптужениет ја пречекале жртвата во близината на неговата куќа. Испукале пет куршуми кон жртвата, по што двајцата извршители влегле во автомобилот и го напуштиле местото на пресметката. Стотина метри подалеку од местото на злосторот го запалиле автомобилот за да ги уништата доказите, соопштија украинските полициски претставници.

Џукиќ полицијата го бара поради сомнение дека ги убил Јован Клисиќ и го ранил Велизар Градашевиќ. Тој се сомничи дека е и директен извршител на овие злодела и противнего е распишана црвена потерница. Тој е обвинет и за дело кое пред убиството на Клисиќ вооружан со автоматска пушка влегол во локал во Бар да го ликвидира Гардашевиќ, но не го нашол во локалот.

Џукиќ порано се презивал Мандиќ и пред четири години бил уапсен во Белград поради истрага во Србија за прибрибирање поголемо количество оружје кое било наменето да се користи за ликцидација на спротивставените групи.

Звицер според безбедносните служби се смета за лидер на кавачкиот клан. Црна Гора ја напуштил во времето на пресметките со шкаљарскиот клан.

Порано од црногорската полиција е соопштено дека Звицер е ранет во пресметките на двата мафијашки кланови од Котор кои со години се борат за превласт во бизнисот со шверц на наркотици. Двете групи се познати во јавноста по методите на застрашување, изнуда, но примарна работа им бил шверцот на кокаин од Јужна Алерика.

Истаржителите во овие незаконски активности не му влегле во трага на Звицер и немале докази за него дека е замешан во криминални дела, поради што за шефот на кавачкиот клан не била и распишана потерница.  Неговот има со фотографија се појавило на петнаесетминутна снимка на Јутуб во декември 2017 година со која е разоткриено делувањето на оваа криминална организација.

Откриени се детали кои се однесувале на работењето на овој мафијашки клан како и  имињата на државите во кои оперирале со лажен идентитет. На оваа снимка шефот на мафиајшкиот клан Звицер фигурирал под лажно име Јосип Бабиќ со кое непречено патувал по Европа, користејќи го лажниот идентитет на босански државјанин роден во Германија, во Нирнберг.

На таа снимка се гледа и списокот на високопозиционирани сленофви на мафијашкиот клан на кој се наоѓаат: Даворин Балтиќ кој е убиен на 1 јануари 2018 година во Белград, Слободан Кашчелан, Игор Божовиќ, Драган Кнежевиќ, Предрасфг Кнежевиќ, Милан Вујотиќ, дамир Мелјовиќ и Владимир Рогановиќ кои се убиени во декември 2018 година во Виена. Објавени се и и нивните фоторграфии, главно оние кои се од нивните официјални документи кои за јавноста не се достапни.

 

Треба да знаете
Последни објави