Search

Двајца тетовци се обиделе да силуваат малолетничка

Во текот на вчерашниот ден малолетничка од тетовско село заедно со нејзниот татко пријавила во СВР Тетово дека две машки лица физички ја малтретирале, ја допирале по телото и се обиделе да извршат обљуба.

 -Според пријавеното настанот се случил на 9 јуни, вторник околу 23 часот. Двајцата пријавени вчера околу 15 часот се лишени од слобода и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од СВР Тетово.  

Двете машки лица се на возраст од 21 и 25 години и се од истото место на живеење со малолетничката.

Треба да знаете
Последни објави