Search

Бритиш ервејс продава уметнички дела поради корона-кризата

Авиокомпанијата „Бритиш ервејс” продава некои предмети од својата уметничка колекција вредна милиони фунти за да собере пари за опоравување по кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Колекцијата опфаќа дела од сликарите Демиен Хирст, Бриџит Рајли и Питер Доиг, меѓу другите, а се проценува дека има дела вредни повеќе од милион фунти.

Според Би Би Си, се претпоставува дека најмалку 10 уметнички дела ќе бидат одредени за продажба, иако не се знае точно кои. Делата ќе се најдат на аукција на аукциската куќа „Сотеби”.

Поради прекинот на воздушниот сообраќај поради пандемијата на Ковид-19, „бритиш ервејс” се соочува со големи финансиски проблеми.

Минатата недела директорот Алекс Круз предупреди дека опстанокот на авиокомпанијата ќе биде загрозен доколку не се направи значително реструктуирање на бизнисот.

Треба да знаете
Последни објави