Search

ФФМ одлучи преодниот рок да почне на 15 јуни, а ќе заврши на 31 август

Фудбалската федерација пред неколку дена донесе одлука за предвремен крај на сезоната на мак-сцената, откако два клуба Шкендија и Ренова во своите редови има позитивни играчи на коронавирусот.

ФФМ денеска го прецизира периодниот рок во кој екипите ќе можат да ги комплетираат тимовите за новата сезона.

-ФФМ ги информира сите засегнати страни дека согласно Одлуката на У.О. за прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020 во сите категории, вклучително и Прва МФЛ, летниот преоден рок почнува на 15. јуни и ќе трае до 31. август 2020. година, соопштуваат од „куќата на фудбалот“.

Треба да знаете
Последни објави