Search

Тачи очекува договор меѓу Косово и Србија во блиска иднина

Претседателот на Косово Хашим Тачи денеска изјави дека очекува оти во блиска иднина ќе продолжат преговорите со Србија и ќе биде постигнат конечен договор за решавање на споровите меѓу двете држави. По почестите кои ги оддаде пред меморијалот на војниците на КФОР кои го загубиле животот во Косово од 1999 година, кога силите на НАТО влегоа во земјата, Тачи рече дека Косово ги отстрани пречките за продолжување на дијалогот со Србија и дека веќе нема никаква причина за да се доцни со тој процес.

Тој нагласи дека цврсто верува во посветеноста на Соединетите Американски Држави за да се постигне договор меѓу Приштина и Белград, кој, според него, ќе донесе до меѓусебно признавање на двете држави и зачленување на Косово во Обединетите нации.

– Ние никогаш не сме имале некоја дилема во поддршката на САД и таква дилема не смее да се постави никогаш од никого. Треба да ги негуваме односите и да произведуваме позитивни аргументи за нашите пријатели, за САД, за да не поддржуваат во нашите напори за јакнење на државата и интегрирање во сите меѓународни институции, порача Тачи. 

Треба да знаете
Последни објави