Search

Србија регистрира 66 новозаразени од коронавирусот и еден новопочинат

Во Србија во изминатите 24 часа регистирани се уште 66 новоинфицирани лица од коронавирусот. Активни случаји има вкупно 432, што е за 15 помалку од изминатиот ден.

Според податоците објавени на сајтот ковид 19.рс, има уште еден новопочинат со што бројката на лица кои ја загубија битката со коронавирусот е 251. Процентот на смртност останува 2,09 отсто.

Бројот на вкупно заразените надмина 12.000 и сега изнесува 12.031 лице.

Во последните 24 часа тестирани се 5.015 лица, а од почетокот на пандемијата вкупно 287.064.

Од вкупниот број на заразени лица 14 се наоѓаат на респираторна машина што е за еден помалку во однос на бројката од вторникот.

.

Треба да знаете
Последни објави