Министерот Димковски и директорот на УХМР Тодоровски во посета на Радарскиот центар – Ѓуриште

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Ивица Тодоровски денеска во Ѓуриште, Свети Николе, ќе го посетат Радарскиот центар.

Димковски и Тодоровски воедно ќе информираат за преземените мерки за заштита од град во изминатите денови.

На 18 мај годинава Управата за хидрометеоролошки работи го потпиша договорот за јавниот оглас „Услуги за модификација на време со авионско засејување” со што почна заштитата од град со авионско засејување на облаците. На спортскиот аеродром Стенковец тој ден беше изведен и првиот пробен лет на авионите што ќе вршат засејување на облаците.

Досега УХМР неколку пати го употреби новиот метод за заштита од град со авионско засејување на облаците.

Поправката и надградбата на радaрскиот центар Ѓуриште за што беа обезбедени три милиони денари и на кои работеше тим од Русија, се реализира пред две години. Инсталирани беа нови автоматски современи радарски контролни и мониторинг единици за управување на антената, како и најновата верзија на софтверскиот пакет, а се изврши и целосна калибрација на радарскиот систем. Со тоа на земјодолците им е овозможено навреме да се информираат и да се заштитат од потенцијални временски непогоди.

Поради застареност на радарски систем – Ѓуриште, од 2014 година се јавуваа чести прекини во функционирањето, а потоа системот беше во целосен прекин.

Треба да знаете
Последни објави