Расте бројот на заболени од коронавирус во регионот

Епидемијата од коронавирусот во регионот не спласнува. Речиси сите држави на Балканот изминатите денови бележат зголемување на бројот на инфицираните со ковид-19, јавија агенциите.

Во регионот и натаму е натешка состојбата во Србија. Бројот на новозаразени вчера се зголеми за 73, а претходните седум денови се регистрирани 466 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу на петти јуни – 96. Во Србија нови жаришта на вирусот се Нови Пазар и Тутин. Пред само 5-6 дена во привремената ковид болница во нови Пазар имаше едноцифрен број на заразени, а сега има згрижени 40 пациенти. Во Србија досега се регистрирани речиси 12.000 лица инфицирани со ковид-19.
Состојбата се влошува во Бугарија, каде вчера се регистрирани 99 нови случаи, со што е надминат претходниот пик од 24.април, а само за една недела се во билансот на нови случаи се додадени 334.

Грција до 01 јуни бележеше едноцифрени броеви на новозаразени со коронавирус, а изминатите неколку дена се регистрирани 112 нови случаи, од кои 52 се од вчерашниот ден.

Во Босна и Херцеговина, каде граѓаните пред три дена ги израдува веста дека нема нов случај на инфицирани со коронавирус, од тогаш регистрира 68 нови случаи.

На територијата на Косово денеска се регистрирани 29 нови случаи, а во Албанија за една недела бројот на новозаразени со ковид-19 скокна за 120.

Бројот на новозаразени останува негативен во Црна Гора, Хрватска и во Словенија.

Треба да знаете
Последни објави