Неделава продолжува шпанската Примера пред празни трибини, а ќе заврши со гледачи

Љубителите на фудбалот неделава ќе имаат можност да проследат продолжение на сезоната во шпанската Примера. Продолежението е испалнирано да биде со одигрување на мечеви пред празни трибини, но крајот на сезоната се планира да биде со гледачи.

Стартот е закажан за в четврток со градското дерби меѓу Севилја и Бетис, меч од 28. коло. Потоа следувата мечеви од оваа рунда речиси секој ден.

Шпанија беше една од земјите кои беа најмногу погодени од коронавирусот. Како што пишува „Мундо Депортиво“, челниците на Примера имаат план следниот месец да ги вратат и навивачите на трибините. Тие испратија предлог кон почетокот на јули да се дозволи на натпреварите да има одреден број навивачи.

Се очекува барањето да биде одобрено, но за колкав број на навивачи станува збор се уште не е познато.

Треба да знаете
Последни објави