Search

Малолетник од Лакавица си прибрал дома мигрант од Мароко

На 08.06.2020 во 17.30 часот пред Трговскиот центар во Штип, полициски службеници од СВР Штип, при вршење проверка на индититет, привеле 17 – годишник од село Лакавица, штипско и А.Т.(27) од Мароко, по што било констатирано дека А.Т. е лице мигрант кој на 04.06.2020 бил забележан од малолетникот пред продавница во село Лакавица, по што до 08.06.2020 престојувал во домот на малолетникот.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, по чија насока А.Т. бил сместен во Прифатен центар за понатамошна постапка.

По целосно докумнетирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави