Search

Моторџија се забил во паркиран автомобил во Ченто

На 07.06.2020 во 12.00 часот било пријавено дека на улица Фуштанска во Скопје се случила сообраќајна незгода во која  мотоцикл „хонда ЦРФ“, без регистарски ознаки,  управуван од А.С.(25) од Скопје удрил во патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано од М.П.(35) од Скопје.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави