Search

Караџовски за полицискиот час: Дел од народов, нит се тера, нит се води

Претседателот на Комисијата за заразни болести, прим д-р Жарко Караџовски на денешната прес конференција рече дека не верува оти со полицискиот час ќе се спречи вирусот, а за што утре ќе одлучува Владата.

-Дел од народов, нит се тера, нит се води. Ако му дадеш зошто си му дал, ако не си му дал, зошто не си му дал. Дали ќе се спречи на тој начин ширење на инфекцијата? Ако мене ме прашувате како доктор Караџовски верувам – не, рече тој, но за само неколку минути се изрази поинаку:

-Со една простопроширена реченица за да се сфатиме: Да, очекувам дека од 22 до 05 нема да има групирање и ризикот ќе биде помал (запирка) народе носете маска и до 22 часот, вели тој.

Караџовски нагласи дека не чувствува одговорност за скокот на новозаразени лица. Спомена дека во својата карирера од 27 години, работел со 13 министри и 9 директори на Центарот за јавно здравје. Неколкупати се огради од одлуките на Владата кои беа различни од препораките на Комисијата за заразни болести. Таков пример бил празникот Рамазан Бајрам. За тогаш комисијата предложила полициски час од сабота навечер до вторник наутро, но Владата го забранила движењето од недела претпладне до вторникот. Инаку, анализите покажуваат дека 65 проценти од новозаболените немаат никакви сипмтоми на коронавирусот, а најмногу страдаат оние кои имаат над 50 години.

Треба да знаете
Последни објави