Search

Интер и Челси во спор за бразилски дефанзивец

Голем број на европски клубови се заинтересирани за дефанзивецот на Сантош, Лукас Верисимо. Бразилските гиганти веќе одбија понуда од Сампдорија, но се соопштува дека има зголемен интерес од Аталанта, Челси и Интер.

Вчера имаше информации дека Сампдорија речиси сигурно ќе ги обезбеди услугите на Лукас Верисимо за 5 милиони евра, но претседателот на Сантош, Жозе Карлос Перез одби таква понуда и го запре трансферот.

Бразилскиот клуб сака околу десет милиони евра за дефанзивецот.

Бразилскиот гигант доживува финансиски тешкотии и скоро сигурно ќе го продаде својот фудбалер.

Треба да знаете
Последни објави