Search

Десет радовишани ќе платат по 500 евра, а седум битолчани по 2.000 евра за прекршување на полицискиот час

Oсновното јавно обвинителство Радовиш поднесе предлози за издавање казнени налози против десет  лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.  Воедно, обвинителството му предложи на судот на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив со вредност од  5 евра во денарска противвредност.

Обвинетите не го почитувале полицискиот час, односно донесените одлуки на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од коронавирусот.

И битолското обвинителство за истото дело поднесе предлог за седум лица, кои во одделни кривично правни настани за време додека забраната за движење на населението на целата територија на државата била во сила,  биле затекнати од полициски службеници од СВР Битола како се движат пеш или со возила без притоа да поседуваат дозвола за движење.

Заради стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, обвинителството му предложи на Судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби, секоја дневна глоба во износ од по 20 евра во денарска проиввредност.​

Треба да знаете
Последни објави