Search

Палевски ослободен од притвор

За фактура од 2,5 илјади евра и за неотварање на претходна постапка за стечај, завршив 9 месеци во затвор. Се разбира тоа е само обландата, причините се многу подлабоки, вели во изјавата за МКД.мк Љупчо Палевски, еден од основачите на движењето Трета политика, кој додека беше во Македонија силно ја критикуваше и власта и опозицијата. Тој од вчера е слободен граѓанин и се наоѓа во Хрватска и бара начин како да се врати во Македонија.

„Па МВР на Хрватска бара од МВР на Македонија да ми јави, да ме извести. МВР на Македонија го известува МВР на Хрватска дека сум недостапен. По ова Хрватска издава решение дека сум во бекство и црвена потерница преку Интерпол. На 9 септември 2019 година бев во Белград и сѐ беше во ред. Три дена подоцна на аеродром во Белград, пред да полетам за Москва, по потерница од Интерпол бев приведен. Осум месеци бев во затвор, а откако српските власти ме предадоа во Хрватска, за 7 дена сѐ се заврши. Цело време барав екстрадиција по итна постапка, но тие ме држеа не ме испорачуваа,  и така се собраа 9 месеци во притвор во Србија“, вели Палевски.

Треба да знаете
Последни објави