Search

Гостиварец со нож ранил сосед

На 04.06.2020 околу 10.40 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Е.И.(34) од с.Чегране, гостиварско, поради тоа што по вербална расправија со остар предмет му нанел неколку убодни  рани на Б.А.(37) од истото село. Б.А. бил пренесен во Ургентен центар Гостивар каде му била укажана лекарска помош. Е.И. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави