Search

Вујовиќ прв во анкетата, ама признава дека Лино е најдобриот стартег за сезонава

Ракометните стручњаци, Црногорецот Веселин Вујовиќ и Хрватот Лино Червар, кои своевремно ги предводеа македонските екипи Вардар односно Металург, на терените беа лути ривали, но надвор од нив вистински спортисти кои подаваа рака на подобриот. Така е и сега, кога во анкетата која ја спроведува „Балкан Хендбол“ за изборот на тренерот на годината во водство е популарниот на македонската ракометна сцена Вујо.

-Почитувани пријатели, Балкан Хендбол секоја година ги бира најдобрите тренери во регионот со помош на вашите гласови, секако дека ми годи што сум на првата позиција, ама по сите критериуми признанието за најдобар за оваа сезона му припаѓа на господинот Лино Червар затоа што го освои сребрениот медал со репрезентацијата на Хрватска. Благодарност до сите што гласаа за мене, ама не се бира најомилениот, туку најдобриот– напиша Вујовиќ на социјалните мрежи.

Во конкуренција за ова признание покрај Вујовиќ и Червар се и Зоран Рогановиќ, Драган Аџиќ и Љубомир Обрадовиќ. Црногорскиот стратег со 32-отсто од гласовите во моментов е во водство пред Обрадовиќ со 29-отсто и Червар со 25-отсто од добиената поддршка.

Треба да знаете
Последни објави