Search

Борел против враќањето на Русија во Г7

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел го отфрли предлогот на Белата куќа Русија да биде поканета на овогодинешниот самит на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7), чиј домаќин е САД.

– Г7 не може да стане Г8 Русија сè додека Русија не го промени својот курс. Тоа не е случај во моментов, рече Борел пред новинарите во Брисел, додавајќи дека „соработка меѓу партнерите кои слично размислуваат е поважна од кога било”.

На 30 мај американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го одложи самитот на Г7 за наесен и дека на таа средба ќе ги покани и Австралија, Русија, Јужна Кореја и Индија.

– Г7 стана многу застарена, рече Трамп, оценувајќи дека треба да се претвори во Г10 или Г11 против Г1, реформиран клуб обединет против Кина.

– Промената на форматот на Г7 не е ексклузивно право на претседавачот потенцира Борел.

Велика Британија и Канада веќе изразија противење на идејата повторно да ја вклучат Русија во Групата.

Портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон рече дека е вообичаено земјата која претседава со Г7 да покани и други лидери да присуствуваат на Самитот како гости.

– Меѓутоа, Русија е суспендирана од Г7 по анексијата на Крим и допрва треба да видиме докази за промена во однесувањето што би го оправдало нејзиното повторно вклучување, рече портпаролот. 

Треба да знаете
Последни објави