Search

Русите им честитаа на Маск и на НАСА за успешната мисија на Спејс Икс

Руската вселенска агенција Роскосмос, која долго време беше единствената способна да изведе лет со кој астронаутите се превезуваат до Меѓународната вселенска станицаа, а изведе и рекорден лет за само 6 часа, ѝ честиташе на американската компанија Спејс Икс.

Компанијата на милијардерот Илон Маск во саботата од Флорида во орбитата на Земјата успешно ја лансираше ракетата носач „Falcon 9“ во која прв пат по повеќе од девет години беа двајца астронаути на НАСА кои полетаа од територијата на САД. Новата капсула „Crew Dragon“ денеска без проблеми се спои со МВС каде што ги пречека 63-иот руско-американски екипаж.

-Би сакал да ги поздравм своите американски колеги. Успехот на оваа мисија ќе ни донесе нови можности коишто ќе ѝ користат на севкупната меѓународна програма“, изјави во видео-пораката на акаунтот на Роскосмос на Твитер, космонаутот Сергеј Крикалев, директор на руската вселенска програма за летови со екипажи.

Челникот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, им честиташе на успехот и на Илон Маск, и на шефот на НАСА, Џим Брајденштајн.

-Браво! Знам колку го посакувавте успехот на овој важен настан, напиша Рогозин.

Маск, исто така, преку Твитер на Рогозин му се заблагодари со твит на руски јазик.

Треба да знаете
Последни објави