Казни од по 2.000 евра за десет битолчани кои не го почитувале полицискиот час

Основното јавно обвинителство Битола до Основниот суд Битола поднесе  предлози за издавање на казнени налози за вкупно 10 лица, сите поради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите во деновите од  22 до 25 мај 2020 година, биле затекнати надвор од нивните домови за време на полицискиот час. Тие не се придржувале кон мерките за ограничување на движењето воведени со Одлука на Владата на Република Северна Македонија.

Јавното обвинителство предложи на сите обвинети да им бидат изречени парични казни од по 100 дневни глоби, а секоја дневна глоба да биде определена во износ од 20 евра во денарска противвредност.​

Треба да знаете
Последни објави