Search

Бројот на деца кои живеат во сиромаштија ќе се зголеми на 672 милиони

Две главни детски организации наведуваат дека бројот на деца во земјите со сиромашни и средни приходи, кои живеат под границата на сиромаштија, може да се зголеми за 86 милиони, на вкупно 672 милиона до крајот на оваа година, како резултат на економското влијание на пандемијата на Ковид-19.

УНИЦЕФ и хуманитарната организација за заштита на правата на децата „Спасете ги децата” (Save the children) во анализа објавена денеска наведуваат дека речиси две третини од сите деца кои живеат во сиромаштија се во субсахарска Африка и Јужна Азија.

Земјите во Европа и Централна Азија сега може да забележат зголемување од 44 проценти во регионот, додека во Латинска Америка и на Карибите зголемувањето би можело да биде околу 22 проценти.

Двете организации повикаа на брзо и масовно проширување на системот за социјална заштита и низа програми, вклучително и парични трансфери, училишни оброци и детски додатоци за решавање на итните финансиски потреби. 

Треба да знаете
Последни објави