Search

САД ѝ се заканија на Кина поради ситуацијата во Хонгконг

Aмериканскиот советник за национална безбедност Роберт О’Брајан се закани дека Вашингтон ќе воведе санкции за Кина и Хонгконг доколку Пекинг го донесе законот за национална безбедност на територијата на Хонгконг.

„Тешко е да се согледа како Хонгконг ќе остане азиски финансиски центар доколку Кина ја преземе функцијата“, изјави Роберт О’Брајан за Ен-би-си, додавајќи дека тоа би било голема грешка од страна на Пекинг.

Тој предупреди дека во таков случак финансиската заедница нема да остане стационирана во Хонгконг.

О’Брајан објасни дека Стејт департментот нема да може да потврди дали Хонгконг го задржува високо ниво на автономија, а тоа, според него ќе доведе до правни импликации.

„Ако ова се случи, ќе има санкции и за Хонгконг и за Кина“.

„Кина зависи од капиталот од остатокот на светот“, рече О’Брајан.

„Ако преку Хонгконг го изгубат пристапот до него, тоа ќе биде голем удар за Си Џинпинг и Комунистичката партија на Кина“, додаде тој.

Пекинг објави нацрт-закон за национална безбедност кој предвидува формирање кинески разузнавачки агенции во Хонгконг. Документот ги зголеми стравувањата за судбината на формулата „една земја, два система“, која владее во Хонгконг откако поранешната британската колонија беше вратена под кинеска управа во 1997 година. Овој аранжман гарантира широки слободи за граѓаите на Хонгконг, кои не постојат во континентална Кина, вклучително и слободата на печатот и независно судство.

https://twitter.com/eyepressnews/status/1264440717071409152

Поради ваквиот предлог-закон, во Хонгконг повторно избувнаа протести откако ситуацијата со коронавирусот предизвика затишје на оние кои претходно беа организирани поради контроверзниот закон за екстрадиција и блискота на властите во Хонгконг со официјален Пекинг.

„Денеска се уапсени најмалку 180 лица кои учествувале на нелегални собири“, се вели во полициското соопштение.

Полицијата ги осуди радикалните испади на некои демонстранти, кои, како што се наведува, кршеле излози на продавниците, фрлале шишиња од покривите и гаѓале со камења.

Треба да знаете
Последни објави