Search

Првиот пациент со трансплантирано срце во земјава се чувствува добро и закрепнува

Ден по успешната трансплантација на срце 54-годишниот Иван Огњановски е свесен и се чувствува добро. Тимот лекари кој ја изврши првата успешна операција од ваков вид, утрово информираше дека следува најважниот период од неговото закрепнување во кој телото на Иван треба да го прифати новиот орган.

За неговата состоја телефонски бил известен и неговиот син Васил кој поради строгите протоколи за заштита од корна вирусот се уште немал можност да го посети својот татко. Откако спласнаа емоциите, Васил се приклучи и кон апелите на докторите, граѓаните да бидат свесни дека со донирање органи можат да се спасат многу животи…

Преземено од sitel

Треба да знаете
Последни објави