Search

На крводарителската акција во Општината Кисела Вода собрани се 27 единици крв

Денеска Црвениот крст, Институтот за тарнсфузиона медицина и Општина Кисела Вода успешно спроведоа крводарителска акција.

Голем број хумани граѓани, градоначалникот Филип Темелковски и општинската администрација, со цел да спасат нечиј живот во салата на Советот на Општината даруваа крв.

Општина Кисела Вода и општинската организација на Црвениот крст-Кисела Вода двапати годишно организираат крводарителски акции. На акцијата беа собрани вкупно 27 единици крв.

Локалната самоуправа им благодари на сите крводарители кои спасија нечии животи.

Треба да знаете
Последни објави