Институтот за јавно здравје на Црна Гора соопшти дека во последните 24 часа е потврден само еден случај на коронавирус и дека станува збор за увезен случај.
Бидејќи резултатот од повтореното тестирање на таа личност е негативен, се претпоставува дека, најверојатно, вирусот бил во завршна фаза, со што се минимизира потенцијалната заразност на тој пациент. Сепак, лицата што биле во контакт со тоа лице се идентификувани и ставени во самоизолација.
Од вчера до денес во Црна Гора две лица оздравеле од коронавирусот, а само едно лице е наведено како активен случај на Ковид-19 во земјата.
Во Црна Гора се потврдени 324 случаи, од кои 314 закрепнале, а девет лица починале.