Search

Монтажните шатори во Клиничкиот центар се размонтирани заради ризик од уништување

Министерот за здравство Венко Филипче денеска образложи дека во рамки на монтажната болница се отстранети само шаторите, поради ризик од оштетување.

– Демонтирани се шаторите од Армијата, тоа беше модел, капацитет, што најбрзо можевме да го имаме на располагање. За среќа во ниеден момент не ни требаше. Во меѓувреме со швајцарската донација се поставија бараките и тие се сега сосема доволен дополнителен капацитет што е планирано да го користиме и за друга намена кога нема да има пациенти. Се надевам дека никогаш нема да има пацинети од корона вирусот. Шаторите беа само изложени на време и ризик да бидат оштетени. Така што, тоа е причината зашто се демонтираат, истакна министерот за здравство.

Тој наведе дека сега со бараките се на располагање 12 соби со по шест кревети, односно 72 легла сите со соодветен приклучок за да може да бидат трансформирани во кревети за интензивна нега.

Треба да знаете
Последни објави