Search

Дирекцијата за заштита и спасување го прослави 15 роденден под мотото ″Иднината им припага на оние што се подготвени″

За таа цел директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г-дин Аднан Џафероски се обрати до припадниците на силите за заштита и спасување и до целата јавност:

″Почитувани припадници на силите за заштита и спасување, почитувани граѓани

Прославивме 15 години од формирањето на Дирекцијата за заштита и спасување. Активностите кои ги превземавме заедно во овие 2.5 години ја покажаа оправданоста и улогата која ја имаат припадниците на Дирекцијата за заштита и спасување во општеството. Со отпочнување на реорганизацијата, формирање на тимови за брз одговор, набавка на нови униформи со највискоки стандарди на заштита,  набавка на најсовремена опрема за тимовите, меѓународни обуки и вежби, нови правилници за функционалните ознаки, правилник за стандардизација на униформите на припадниците на Дирекцијата за заштита и спасување, правилник за стандардизација и унифицирање на униформите на пожарникарите,  ни дава за право да заклучиме дека Дирекцијата за заштита и спасување се движи во вистински правец.

Изминатиов период,  градевме пат и отворивме нови можности за меѓународна соработка со сродни институции во делот на Цивилната заштита, потпишавме нови билатерални договори, одржавме билатерални средби со соседните земји и отпочнавме континуирана регионална соработка како важен дел за безбедноста на регионот.

Aктивно работевме и на меѓуинституционалната соработка во Република Северна Македонија со одржување на големи вежби, каде што ја покажавме координираноста и подготвеноста на институциите во случај на несреќи и природни катастрофи.

Ги отпочнавме потребните промени за  компатибилноста со најмоќната организација- НАТО Алијансата.

Учествувувме во повеќе активности од кои би издвоил неколку клучни настани:

– улогата на Дирекцијата за заштита и спасување  во пречекот на Неговата Светост Папата Франциск во делот на изработка на планот за евакуација

– учеството на Републичките сили за заштита и спасување во справување со последиците од катастрофалниот земјотрес во Р. Албанија каде ја покажаа својата подготвеност и ефикасност.

-Континураното ангажирање и спремност на силите  за заштита и спасување во спречување на внесување и ширење на Коронавирусот

Работевме и на превенција и подигање на свеста на населението за намалување на ризиците од поплави и намалување на ризиците од пожари на отворен простор и за таа цел спроведовме кампања на цела територија на нашата држава. Во делот на превенција  изготвивме и Семеен прирачник за заштита од природни непогоди и други несреќи кој ќе остане како трајна вредност во општеството.

И уште многу работи кои ги направивме заедно, само со една цел- заштита на луѓето и природата!

Ви благодарам што хумано одговоривте на секој предизвик.

Продолжуваме понатаму……

Среќен 15ти роденден!″

#ИДНИНАТАИМПРИПАЃАНАОНИЕШТОСЕПОДГОТВЕНИ

Треба да знаете
Последни објави