Search

Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија по грабежот во Сарај бара поголема безбедност за бизнисмените

Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија искажува длабока загриженост за безбедносната состојба во земјата, особено во врска со вооружениот грабеж во Сарај, Скопје, што се случи синоќа, при што ограбеното лице претрпе загуба од 2 милиони денари.

-Имајќи предвид дека сме во период на глобална пандемија на коронавирусот COVID-19, нагласуваме дека спокојноста и безбедноста на животот на граѓаните, како и одржувањето на јавниот ред и мир, се еден од најосновните и најважни услови кои треба да бидат загарантирани од страна на државата и државните институции. Од таа причина, бараме од институциите надлежни за одржување на редот соодветно и навремено да превземат чекори кон сузбивање на криминалните случаи, како и на вооружените банди кои оперираат во земјата, работа која ќе придонесе воспоставување на нормален тек на работите, каде граѓаните ќе се чувствуваат и истовремено ќе бидат побезбедни. Од друга страна бизнис заедницата ќе има можност за тековно и редовно водење на бизнис, oсобено сега во време на пандемијата кога сите бизниси се наоѓаат во незавидна ситуација, велат од комората.

Од СКСЗМ апелираат до надлежните институции да преземат безбедносни мерки и активности, согласно соодветните оперативни планови за работа и зразуваат подготвеност да помогнат во изградба на институционален механизам за превенција и казнување на секаков вид насилство кој го загрозува работењето на нивните членки.

-Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија во интерес на бизнис заедницата се ангажира кон зајакнување на соработката со државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина. Како клучно прашање во овој период се наметнува и потребата за бизнисите да имаат доверба и да се обратат до државните институции за помош, велат од комората.

 

Треба да знаете
Последни објави