Search

Свечено отворање на книжарницата „Literatura.mk Superstore”, најголемата книжарница во Македонија

Литература.мк ја отвора најголемата книжарница во Македонија која ќе биде лоцирана во трговскиот центар ,,Скопје сити мол”. Книжарницата ќе биде со површина од 500 м², и свечено ќе биде отворена вo среда (20.05.2020) во 20 часот. Отварањето ќе биде зачинето со концерт на Влатко Стефановски.

Книжарницата, која има богата понуда на книги за сите генерации на неколку јазици, програма за подароци, канцелариска и училишна опрема, играчки и кафе-бар, е сместена на вториот кат на „Скопје сити мол“, на местото на некогашната игротека, на неколку метри од досегашниот продажен простор на „Литература.мк“.

Во книжарницата ќе има и кафе-бар, којшто ќе биде во функција кога ќе има дозвола за работа на локали од ваков вид во затворени трговски центри. Освен што ќе се продаваат книги ќе има широка понуда на играчки за деца, од 0 до 14 години, од повеќе познати светски брендови како: „Клементони“ (Clementoni), „Манопулос“ (Manopoulos), „Бонтемпи“ (Bontempi), „Коби“ (Cobi), „Креатив“ (Creativ), „Енџино“ (Engino), „Ви-кјуб“ (V-cube), „Италери“ (Italeri), „Анимал пленет“ (AnimalPlanet) и „Фор ем“ (4M).

По повод официјалното отворање на книжарницата ќе има промотивна акција со 30 % попуст на сите изданија на „Арс Ламина“, и подарок книга за секоја сметка во период од 20 мај до 1 јуни (до исцрпување на резервите).
Продажниот простор на „Литература.мк“ ќе работи согласно работното време на „Скопје сити мол“.

Треба да знаете
Последни објави