Search

„Глобал фајнанс” ја прогласи „Охридска банка” за најдобра банка во земјава за 2020

Светскиот финансиски магазин „Глобал фајнанс”,  петта година по ред, ја прогласува „Охридска банка” за најдобра банка во земјава.

Имено, публикацијата, издадена од Светската Банка, 27-ми пат по ред ја објавува листата на добитници на престижната награда „Најдобра банка” за земјите од Централна и Источна Европа.

– Да се биде прогласен пет години по ред за „Најдобра банка во Македонија”, особено од
страна на врвен банкарски авторитет во светот, како што е „Глобал фајнанс” претставува огромна чест, но и голема одговорност. Ова е историска година за „Охридска банка” од повеќе аспекти. Се наоѓаме во период на интеграција на „Охридска банка” со „Шпаркасе Банка Македонија”, и континуирано работиме во насока на поставување на силна и значајна системска банка која ќе биде четврта по големина во банкарскиот сектор во земјата, изјави Нина Неданоска, претседател на Управниот одбор на „Охридска банка”.

Таа посочи дека продолжуваат кон нивната стратешка цел, изразувајќи уверување оти сите нивни резултати и достигнување ќе дадат силна потпора во креирањето на уште посилна и помоќна „Шпаркасе Банка Македонија”, која се очекува да биде целосно интегрирана во мај 2021 година.

– Од друга страна пак, соочени сме со неизвесностите кои ни ги донесе корона кризата и исправени сме пред предизвикот да одговориме соодветно на потребите на нашите клиенти, на институциите, на економијата и на нашите вработени. Ваквите меѓународни признанија се уште една потврда за улогата која ја има „Охридска банка” во банкарскиот сектор во земјата, за нашата стабилност, конзистентност и посветеност и во вонредни услови, истакна Неданоска.

Наградата на „Охридска Банка” за „Најдобра банка во Македонија за 2020″ ќе и биде доделена на свечена церемонија на 17 октомври 2020 година во рамките на годишното собрание на ММФ и Светската банка во Вашингтон, каде на едно место ќе се сретнат претставници од 23. најдобри банки од Централна и Источна Европа.

Треба да знаете
Последни објави