Search

Министерството за финансии треба да понуди решенија за справување со нелегалните игри на среќа на интернет од странски приредувачи

Министерството за финансии треба да понуди решенија за справување со нелегалното приредување игри на среќа од страна на странски приредувачи на интернет на територијата на државава.
Владата на денешната седница разгледала и усвоила Информација во врска со справување со нелегалното приредување на игри на среќа од страна на странски приредувачи на интернет игри на среќа на територијата на државава
-На седницата Владата го задолжи Министерството за финансии да достави информација со предлог решенија  како да се спречи одлевањето на паричните средства по основ на противзакско учество на македонските граѓани во странските интернет игри на среќа, како да се спречи пристапот на македонските граѓани до интернет страните на кои се организираат игри на среќа од правни субјекти кои немаат соодветна лиценца согласно Законот и како да се следат паричните приливи до граѓаните стекнати по овој основ, соопшти владината прес-служба.
Треба да знаете
Последни објави