Search

Возило движејќи се во рикверц се „паркираше“ на покрив на магацин

„Паркирано“ возило на покрив на магацин во Загреб стана хит на социјалните мрежи откако хрватските медиуми ја објавија сторијата за којашто добиле дојава од читатели.

https://www.facebook.com/24sata/videos/600741697204157/?t=0

Возачот се наоѓал на улицата Роково и со автмобилот се движел во рикверц. Во еден момент паднал во двор и се „паркирал“ на покрив на просторија којашто се користела како магацин за ресторан. Возачот не е повреден, вели читател на „24сата“ кој испратил фотографии до редакцијата.

„Фиатот“ останал заглавен на покривот, поради што биле повикани пожарникарите и полицијата за да го извлечат.

Треба да знаете
Последни објави