Австралиските научници развија корали отпорни на високи температури

Тим на австралиски научници успешно разви корали во лабораторија кои се отпорни на повисоки температури на морето, обидувајќи се да се справат со истребувањето на коралите, т.н. избелување на коралите, како последица на глобалното затоплување.

Нивниот успех беше објавен во списанието „Сајенс адвенс“.

Коралните гребени забрзано умираат низ целиот свет во последниве години, како резултат на избелувањето поврзано со климатските промени и други природни феномени, како и заради човечката активност.

Избелувањето на коралите се јавува кога природна појава, како што се зголемувањето на температурата на водата или закиселување, мора да ги оштети микроскопските алги кои живеат во коралите кои им обезбедуваат енергија и им ги даваа живописни бои.

Според научниците, зголемувањето на отпорноста на коралите на топлина би резултирало со намалување на влијанието на затоплувањето на морето врз избелувањето на коралите, што е сè почеста појава што ги придружува климатските промени.

Треба да знаете
Последни објави