Во Подгорица повеќе нема инфицирани лица од коронавирусот

Главниот град на Црна Гора, Подгорица од утрово и официјално е без „активни“ случаи на лица инфицирани од короанвирусот. Институтот за јавно здравје соопшти дека од почетокот на пандемијата во Подгорица биле регистрирани вкупно 160 инфицирани со Ковид 19.

Бројот на инфицирани од почетокот на епидемијата во црна Гора е 324 и веќе неколку дена е непроменет, додека бројот на излекувани стигна до 309 лица.

Тоа значи дека Црна Гора моментално има уште шест инфицирани лица и тоа три во Гусиње, две во Улцин и едно во Бело Поље

Треба да знаете
Последни објави