Словенечкиот Парламент расправа за спорната набавка на медицинска опрема на вонредна седница

Словенечкото Собрание одржува вонредна седница на која единствена точка на дневниот ред е извештајот на Владата за спорниот увоз на заштитни маски и респиратори во екот на епидемијата со коронавирусот.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, лично премиерот Јанез Јанша пред пратениците ќе ги образложи деталите околу спорната набавка на опрема, но според најавите во фокусот на документот што го изработи неговата Влада е недостатокот од таква опрема при избивањето на пандемијата.

Поради начинот на набавка и изборот на респиратори сите парламентарни опозициски партии поднесоа интерпелација за министерот за економија Здравко Почивалшек, обвинувајќи го за системска корупција и големи неправилности при трошењето на буџетски средства.

Треба да знаете
Последни објави