Португалија ќе прими 500 деца бегалци без придружба од Грција

Во следниот период, постепено, Португалија ќе преземе 500 деца бегалци без придружба кои престојуваат во Грција во рамките на планот за релокација на 1.600 деца, соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката била потврдена за време на телефонскиот разговор на алтернативниот министер за миграција и азил на Грција Јоргос Кумуцакос и министерот за внатрешни работи на Португалија Едуардо Кабрита, а било договорено во првата половина на јуни, да замине првата група од 25 деца, по што ќе следи постепено релоцирање и на останатите деца.

Досега од Грција, заминаа 16 деца за Велика Британија, 12 деца за Луксембург и 50 за Германија.

Во текот на денешниот ден, Кумуцакос ќе се сретне со српскиот амбасадор во Атина, за да разговараат за релокација на деца бегалци без придружба, бидејќи Србија изрази интерес да прими 50 деца од Грција.

Треба да знаете
Последни објави