Обемни тестирања во Грција поради зголемeниот број на заболени од коронавирус

Во централна Грција започна акција на обемно тестирање и пребарување на контакти бидејќи е откриена епидемија на зараза со коронавирус, соопштија претставници на здравствената и социјалната заштита.

Последователни инфекции се регистрирани во ромската населба во градот Лариса, а вчера се регистрирани десет новозаболени лица, вклучувајќи и седум членови од исто семејство.

Локалната епидемија ги принуди надлежните да спроведат план со кој ќе се спроведат широко повторено тестирање во три фази, првите тестови ќе бидат направени денес, кои потоа ќе се повторат во седмиот и 14-от ден.

Позитивните случаи ќе доведат до затворање на градски блокови и населби, или заразените ќе бидат пренесени во карантин на медицинскиот центар, рече локален здравствен службеник.

Грција воведе строги мерки за блокада во почетната фаза на појава на епидемија, благодарение на што бројот на починати од коронавирус во таа земја е многу мал. Како резултат на коронавирусот починале 152 лица, додека вкупно 2.744 биле заразени, а 32 лица се на респиратори.

Треба да знаете
Последни објави