Во Србија граѓаните од соседството ќе патуваат без посебни ограничувања

Србија најави дека ќе ги крене граничните рампи од 1 јуни со Македонија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина.

–Четирите соседни земји кои не се членки на Европската унија имаат слична ситуација како и кај нас со коронавирусот. Ризикот од инфицирање со овој вирус е минимален исто како во нашата држава. Вирусот и понатаму продолжува да циркулира, но останува на луѓето сами да се заштитуваат и нивна одговрност е како ќе ги почитуваат мерките кои ги донесовме – порачува српскиот епидемиолог Предраг Кон.

Посетите во Србија за граѓаните од соседството остануваат без посебни процедури, но не и за од другите земји. Каква ќе биде проседурата и што ќе им биде потребо на оние кои ќе сакаат да патуваат во Србија пренесува Кон.

-За државјаните од овие четири земји останува да важи истото правило кое беше и пред пандемијата, но за останатите странци кои ќе сакаат да ја посетат Србија ќе мораат да приложат и одобрение од владината комисија, а тоа ќе се добива во српските амбасади, а покрај тоа ќе треба да поседуваат и тест за кронавирусот не постар од 72 часа. Тоа е сегашниот режим при влез во земјата за старнците. И нашите граѓани кои се враќаат во земјата мораат да имаат тест, ако го поседуваат не мораат да заминат 14 дена во самоизолација, ако го немаат ќе мораат да ја почитуваат оваа мерка – вели Кон.

За деца помлади од 12 години здолжителниот тест не е потребен. Епидемиологот потсетува дека границите во Европа ќе бидат затворени до 15 јуни и оти сеуште не е постигнат договор како ќе се патува во земјиот од ЕУ. Теоретски српскиот епидемиолог очекува вирусот да замине после јуни.

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави