Search

Шпанија: Најголем ризик се заразените патници коишто доаѓаат од странство

Новите случаи на коронавирус што ги донесоа патници однадвор можат да бидат еден од најголемите ризици во земјата, вели Фернандо Симон, директор на Службата за итни случаи во Шпанија.

Симон ги објасни причините за неодамна објавената мерка за 14-дневен карантин во кој ќе мора да бидат сите меѓународни патници коишто доаѓаат во Шпанија. Мерката ќе стапи на сила на 15 мај.

Симон вели дека мерките се слични на оние во другите земји. Шпанија забележа 176 нови жртви на коронавирус. Бројот се зголеми од вчера кога имаше 123, но тие се сè уште најниските бројки од средината на март. Вкупно 26.290 лица починаа од вирусот во Шпанија.

Треба да знаете
Последни објави