Search

Уапсен маж кој им се заканувал на децата на Александар Вучиќ

Припадниците на српското Министерство за внатрешни работи, Одделение за сузбивање на високотехнолошки криминал, го успасија Б.С. (29) од Бачка Паланка поради постоење на основано сомнение дека извршил кривично дело загрозување на безбедноста.

Тој е осомничен дека преку социјалната мрежа Фејсбук упатил закана до децата на претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Осомничениот, со кривична пријава, ќе биде приведен во Вишото јавно обвинителство во Белград.

Треба да знаете
Последни објави