По реакцијата на Србија од ЕУ стигна корекција за Никола Тесла

По реакцијата од државните органи на Србија, од официјалната интернет-презентација на Европската Унија беше исфрлен спорниот дел од текстот во „катчето за учење“, во кој било наведено дека големиот американски научник со српско потекло, Никола Тесла, бил познат Хрват, пренесува „Спутник“

Српското Министерство за култура изрази задоволство поради исправката, пред сè, имајќи предвид дека наведената содржина е интерактивна игра наменета за образование на младите.

„Се надеваме дека вакви и слични грешки нема да се повторат, со оглед на тоа дека не е првпат, во разни околности, но со исти мотиви, неточно да се прикажува националноста на познатипт светски научник“, порачуваат од Министерството.

Пред четири дена беше објавено дека на страницата „Катче за учење“ на официјалната веб-страница на ЕУ во делот за Хрватска стои оти Никола Тесла е славен хрватски научник, што предизвика бурна расправа.

Треба да знаете
Последни објави