Search

Бомба „кашикара“ пронајдена во депонија кај Кавадарци

На 08.05.2020 во 13.30 час во СВР Велес, С.А.(44) од Кавадарци, вработен во ЈП Комуналец -Кавадарци пријавил дека на депонија – Мелци во Кавадарци била пронајдена неексплодирана бомба.

Од увидна екипа од Одделение за внатрешни работи Кавадарци било излезено на местото на настанот при што било констатирано дека се работи за рачна бомба М-75, која била пронајдена од И.О.(49) од Кавадарци , вработен како чувар на депонија Мелци. Бомбата е подигната од Дирекцијата за заштита и спасување во Кавадарци.

Треба да знаете
Последни објави