Потпретседателот на грчкиот парламент почина од коронавирус

Димитрис Кремастинос, потпретседателот на парламентот во Грција и поранешен министер за здравство на Грција почина утрово на 79-годишна возраст како последица од коронавирусот.

Кремастинос, кој бил кардиолог и универзитетски професор, бил примен во болница во Атина со здравствени компликации на 26 март, но по 44 дена ја загубил битката со коронавирусот, јавува „АНА“.

Тој бил почитуван лекар, кој стана познат како личен доктор на починатиот премиер Андреас Папандреу во текот на 90-тите години.

Премиерот Кириакос Мицотакис на „Твитер“ напиша дека професорот „оставил посебен белег на достоинството, одговорноста и ефикасноста“.

И опозициската „Сириза“ порача дека смртта на Кремастинос ги „исполнува со тага“.

Треба да знаете
Последни објави