Search

Кривична за заканувачот на новинарот Иванов, праќал мејлови со говор на омраза и во Влада

Полицијата му поднесе кривична пријава на Бобан П. кој преку Фејсбук му се заканил на новинарот Мишко Иванов по емисијата на „24ТВ“ и гостувањето на Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

-Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против Б.П.(32) од Скопје, кој работи во Р.Германија, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Пријавениот, по пат на информатички систем, на 06.05.2020 до електронската пошта на функционер од политичка партија и до електронска пошта на Владата на Р.С.Македонија испратил текст со говор на омраза. Потоа, Б.П. на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ објавил постови во кои имало говор на омраза, а се однесуваат на претседател на политичка партија. Исто така, истиот ден Б.П. на објавен пост на „Фејсбук“ профил на една ТВ куќа имал објава  во која се ширел говор на омраза., велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави