Во Турција веќе има пуштени во употреба ракетни системи С-400

Диркторот на турската одбранбена индустрија Исмаил Демир денеска изјави дека Турција ќе продолжи да распоредува руските ракетни системи С-400 и оти ќе продолжи да порачува одредени комплекси.

– Распоредувањето на С-400 продолжува и некои системи веќе се во употреба, посочи Демир.

Тој додаде оти Русија нема пристап до распоредените системи во Турција.

– Договорот за набавка на С-400 вклучува и клаузула за обука на турските војници и одржување, но рускиот персонал нема да има пристап до С-400, наведе Демир.

Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин на 30-ти април изјави дека распоредувањето на С-400 во Турција е одложено поради пандемијата со новиот коронавирус.

На 21 април, портпаролот на Стејт департментот, Морган Ортегус, изјави дека Вашингтон е „многу загрижен” за извештаите дека Анкара продолжува со распоредување на С-400.

Треба да знаете
Последни објави